Достапни линкови

ЕУ очекува Грција да го добие следниот пакет помош


Од Европската унија велат дека очекуваат од министрите за финасии на земјите членки на еврозоната да се согласат да и се даде помош на Грција во износ од 17 милијарди евра следниот месец. Еврокомесарот за економски прашања Оли Рен изјави дека се очекува да и се дадат 12 милијарди евра на Грција до септември, а за среднорочни пакети помош ќе се разговара во јули. Рен рече дека за таа одлука треба да разговаарат со преставниците на Меѓународниот монетарен фонд , кои претходно рекоа дека нема да можат да го исплатат својот дел од договорот, без да бидат сигурни за долгорочното финасирање на Грција. Рен очекува грчкиот парламент да го ратификува новиот пакет мерки. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу се очекува денеска да го распушти својот кабинет и да побара да се изгласа влада на национално единство откако разговорите со опозицијата пропаднаа.
XS
SM
MD
LG