Достапни линкови

Штрајкови во Чешка против мерките за штедење на Владата


Во Чешка е парализиран јавниот транспорт поради протестот на работниците , кои се против предложените мерки за штедење. Во Прага , метрото е затворено за прв пат во својата историја. Синдикатите организираа 24-часовен штрајк. И возовите не се обраќаат низ земјата. Во главниот град на Чешка работниците протеститраат пред министерството за финансии и пред канцеларијата на Премиерот. А граѓаните во неможеност да го користат јавниот превоз, на работа одат со велосипеди. Од Владата велат дека реформите се неопходни за да се врати финансиската состојба на земјата на вистински пат.
XS
SM
MD
LG