Достапни линкови

Гејтс пред американскиот Сенат за политиката кон Авганистан


Американскиот секретар во заминување Роберт Гејтс

Американскиот секретар во заминување Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Вашингтон често не направил многу добра работа во следењето на ставовите на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за време на војна во земјата која трае речиси деценија.
Гејтс кој ќе се пензионира на крајот од месецов сведочеше вчера пред законодавците во Сенатот. Како пример Гејтс ги наведе контроверзиите околу договорот на САД со приватните безбедносни компании во Авганистан. Според него тие се свесни дека во Ирак приватните безбедносни компании биле проблем и требало надзорот на таквите компании во Авганистан да го започнат многу одамна.
Гејтс додаде дека Карзаи го информирал дека ќе се повлече од функцијата во 2014 година, како што налага уставот на Авганистан.
XS
SM
MD
LG