Достапни линкови

Заврши конференцијата на НАТО во Белград


Заврши конференцијата на НАТО за стратешко воено партнерство под наслов „По Лисабон: реализирање на промената“, која беше организирана од Алијансата и српското Министерство за одбрана. Началникот на генералштабот на српската армија генерал Милое Милетиќ изјави дека анализите и ставовите изнесени на форумот ќе придонесат за понатамошно воено партнерство на различни земји. На Конференцијата учествуваа претставници од речиси 60 држави, земји-членки на Алијансата, на Партнерството за мир, Средоземноморскиот дијалог и Истанбулската иницијатива.
XS
SM
MD
LG