Достапни линкови

Иран со низа мерки ќе ја спасува домашната валута


Иранската централна банка денеска објави нови мерки за подршка на својата национална валута. Гувернерот на централната банка Махмуд Бахмани изјави дека Техеран ќе ги зголеми домашните каматни стапки, воведе повеќе обврзници, и ќе ги укине давачките при продажба на злато, за да ја направат домашната валута попривлечна за Иранците кои се одлучиле да купуваат долари во изминатиот период. Тој исто така изјави дека Иран ќе вложува помеѓу 1,5 и 3 милијарди долари на берзата секоја недела за да ја подржи својата валута, откако минатата недела девалвираше за повеќе од 10 проценти.
XS
SM
MD
LG