Достапни линкови

logo-print

Во воздушни напади во Пакистан,најмалку 15 загинати


Во воздушните напади на американските сили во северен Пакистан, загинале најмалку 15 луѓе, соопштуваат пакистанските власти. Цел на нападите била милитантна група сместенa во местото Вана, најголемиот град во пакистанскиот проблематичен регион Јужен Вазиристан, на границата со Авганистан. Во нaпадите била погодена милитантната група на Мулах Назир, една од највлијателните милитантни групи во Пакистан, вклучена во борбите со американските сили на границата со Авганистан. Во нападите во јужен Вазиристан загинале 10 луѓе. Подоцна американските сили извршиле и напади во северен Вазиристан, при што загинале најмалку 5 милитанти. Американските сили речиси по една година пауза, во последно време ги засилија воздушните напади во проблематичниот регион на границата со Авганистан.
XS
SM
MD
LG