Достапни линкови

logo-print

Општините со зајакнати капацитети


Како резултат на поддршката од УСАИД, општините во Македонија со зајакнати капацитети и можност за поголем локален економски развој.

Зголемена наплата на локални даноци, подобрено управување со локалните фондови и поголема ефикасност на локалните самоуправи. Ова се дел од резултатите од подршката на УСАИД за општините во земјава во периодот од 2006 до 2010 година. Сето тоа значи подобри услуги за граѓаните, објаснува директорот на проектот за локална самоуправа Ѓорѓи Јосифов.

„Капацитетите на општините се значително подигнати, општините на чело со градоначалниците се подготвени да влезат во костец со голем број на предизвици, во прв ред пред се тука мислам на капиталните инвестиции со оглед на тоа дека поставивме база на општините за да можат да се задолжуваат и со тоа да задоволуваат крупни капитални проекти на општинско ниво.“


Одговорноста за развојот на општините сега е во рацете на градоначалниците, а не на централната власт и министерствата, вели Јосифов:

„Со донесувањето на закон за градежно земјиште општините сега можат да управуваат со градежното земјиште и да го менаџираат. Често пати тоа го истакнуваа самите градоначалници како основна пречка во делот на локалниот економски развој, сега основата за поттикнување на локалниот развој е во нивни раце така што во иднина локалниот развој од нив самите ќе зависи.“

Министерот за локална самоуправа Муса Џафери забележува дека општините бараат повеќе пари.

„Што е легитимно ние централната власт оди паралелено со тоа капацитетите што ќе ги менаџираат да не се прави некоја злоупотреба и да се покаже дека имаат капацитет.“

Муса Џафери

Џафери се надева дека со новиот Закон за градежно земјиште ќе се решат финансиките проблеми на повеќе од половина од општините во земјава.

Но што е со помалите општини кои немаат доволно градежно земјиште за да го соберат потребниот профит за финансирање на своите активности? Во вакви случаи, според Џафери, клучна е соработката.

„Во правец на урбанизам, или во правец на собирање даноци и во други области што значи има простор за тие предизвици кои некои помали општини неможат да ги надминат, заедно да успеат.“

Инаку, проектот на УСАИД помогна и во воспоставувањето на општински кредитен пазар.
XS
SM
MD
LG