Достапни линкови

Албанија враќа долг од времето на Енвер Хоџа


Претседателот на Албанија Бамир Топи

Претседателот на Албанија Бамир Топи

Албанија ќе почне да го отплаќа долгот во висина од 36 милиони долари кон Русија, што е земен уште од времето на комунизмот. Од канцеларијата на претседателот на Албанија Бамир Топи изјавија дека долгот ќе го отплаќаат во следните неколку години. Првата рата во износ од 1,36 милиони долари, Албанија ќе и го исплати на Русија до крајот на јуни. Заемот датира од 1960-та година, кога тогашниот режим на Енвер Хоџа зајмил пари од Советскиот сојуз.
XS
SM
MD
LG