Достапни линкови

logo-print

Папандреу предложил влада на национално единство


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу предложил влада на национално единство, јавува грчката државна телевизија. Денеска Папандреу се обидува да добие поддршка за мерките за штедење, кои ги бараат Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд . Тој мора да протурка план за зголемување на даноците, намалување на расходите и приватизација на државниот имот, за да добие нова транша од ММФ и ЕУ. Претходно, грчката полиција употреби солзавец за да ги растера демонстранти пред парламентот, кои се спротиставуваат на новите мерки за штедење. Во судирите беа повреднеи 7 луѓе, меѓу кои и еден полицаец.
XS
SM
MD
LG