Достапни линкови

Самоубиствен напад во Авганистан, 4-ца мртви


Најмалку четворица цивили биле убиени во источен Авганистан, кога бомбаш самоубиец се разнел во канцеларијата на локалните власти. Настанот се случил во провинцијата Пактиа, на границата со Пакистан. Цел на нападот бил шефот на провинцијата, но самоубиецот ја активирал бомбата пред да влезе во канцеларијата. Ова е втор ваков случај во земјата денеска. Претходно пет цивили и двајца полицајци загинаа од сличен напад во централен Авганистан, во провинцијата Каписа.
XS
SM
MD
LG