Достапни линкови

БиХ-ексхумација на посмртните останки на бошњачките жртви


БиХ-масовна гробница во Рогатица

БиХ-масовна гробница во Рогатица

Во БиХ, денеска започна ексхумација на посмртните останки на локалитетот Љељен До, каде според собраните податоци се наоѓа масовна гробница на жртвите од бошњачката националност убиени во јули 1995 година во Сребреница. Според собраните докази се работи за секундарна масовна гробница. На овој локалитет најверојатно се наоѓаат посмртни остатанки од жртвите кои претходно биле закопани во местото Глогово, па дополнително се префрлени во секундарната масовна гробница на локалитетот Љељен До.
Ексхумација ја координира и раководи Обинителство на БиХ, а учествуваат и службеници од Институтот за барање на исчезнати лица на БиХ, Меѓународната комисија за исчезнати лица и патолог по судска медицина.
XS
SM
MD
LG