Достапни линкови

Филип Гордон во посета на Србија


Средба Гордон-Јеремиќ во Белград

Средба Гордон-Јеремиќ во Белград

Заменикот на американскиот државен секретар задолжен за Европа и Азија, Филип Гордон, денеска е во посета на Србија. Тој имал средба со министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ со кого разговарале за односите меѓу двете земји и за ситуацијата во регионот, се наведува во соопштението од српското МНР. Јеремиќ го запознал Гордон со барањето на Србија да се спроведе меѓународна истрага за извештаите на Дик Марти за трговијата со човечки органи на Косово. Гордон вчера беше во посета на Сараево, а утре и задутре ќе ги посети Косово и Хрватска во рамки на Балканската турнеја.
XS
SM
MD
LG