Достапни линкови

МВР одговори на барањата за случајот Мартин Нешковски


Протест против полициска бруталност во Скопје.

Протест против полициска бруталност во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи доставија одговор на барањата во врска со случајот на Мартин Нешковски. На барањата кои вчера им биле доставени, од МВР велат дека тие што се во ингеренции на министерството ги исполниле, а за останатите политички барања постојат соодветни процедури. Во соопштението од министерството велат дека во случајот постапиле според законите. Што се однесува за лоцирање на осомничени, утврдување кривична одговорност и санкции. Што се однесува до барањето за спроведување на реформи во полицијата од МВР велат дека веќе се спроведуваат и се преземаат мерки за зацврстување на независноста на Секторот за внатрешна контрола. МВР јасно го соопшти својот став по случајот дека станува збор за трагичен настан кој не е политички и истиот не треба да се злоупотребува во политички цели. Одговорноста за настанот е индивидуална и обврска на министерството беше истата да ја утврди, лоцира и да покрене соодветна постапка, што досега е сторено, се наведува во соопштението.
XS
SM
MD
LG