Достапни линкови

logo-print

Судир на демонстрантите и полицијата во Атина


Протести во Атина

Протести во Атина

Со солзавец, грчката полиција ги растерала демонстрантите собрани пред Парламентот во Атина. Тие протестираат поради новиот пакет економски мерки, додека во Парламентот треба да се расправа за петгодишната програма со која би требало да се спречи финасиското пропаѓање на Грција. Околу 20 илјади демонстранти протестираа пред Парламентот, а полицијата презела голема операција за да може да обезбеди пат на пратениците до зградата. Демонстрантите се обиделе да ги тргнат металните бариери ставени пред зградата и фрлале со камења, по што полицијата орговорила со солзавец.
XS
SM
MD
LG