Достапни линкови

Математика, најтешка за матурантите


Деновиве средношколците полагаат државна матура. Досега, тестовите по математика се покажаа најтешки за нив.

Најмногу коментари и натаму при полагањето на државната матура има во делот на успехот што го постигнуваат матурантите. Во претходните години резултатите од матурата се движат во рамки на просекот, а по математика учениците покажуваат континуирано послаби резултати. Ова и за институциите е показател дека е непходно да се преземат чекори за подобрување на програмите по математика:
Веќе промовиравме еден прирачник којшто е работен со експерти од Америка во делот на методологија за настава по математика во одделенијата. Значи се почнува од основата од прво одделение и се продолжува во континуитет
нагоре.

„Веќе промовиравме еден прирачник којшто е работен со експерти од Америка во делот на методологија за настава по математика во одделенијата. Значи се почнува од основата од прво одделение и се продолжува во континуитет нагоре“, изјави Весна Хорватовиќ од Бирото за образование. Успехот кој се постигнува на матурските испити е многу сличен на оној кој се утврдува со други методи за нашето образование.

Ненад Новковски, поранешен министер за образование, вели дека матурата не треба да покаже дали нешто е добро или не, туку дека важно е дека со неа е отстранета бариерата за запишување во високо образование што се состоеше во приемните испити кои не беа поволни за студентите, зашто во нова средина за кратко време требаше да покажат резулати. Познато е дека првата година од воведувањето имаше отпор и кај матурантите. Но, ако првата генерација ја платила цената искуството покажува дека другите веќе се снаоѓаат подобро, вели Новковски:

„Многу нешто од технички аспект беа тешки. Прв пат кога ги виделе прашањата, учениците се исплашиле, но сега кога ги гледаат прашањата преку интернет после неколку години, очекуваат што може да им се падне и се многу повеќе барем психички подготвени.“
Го спуштија малку нивото на барањата во тестовите по математика, инаку со другите тестовите немаше проблеми.

И Јулија Петровска, просветен работник, вели дека ние мора да бидеме со барањата што ги има на европско ниво и затоа се воведе и се поддржува матурата:

„Го спуштија малку нивото на барањата во тестовите по математика, инаку со другите тестовите немаше проблеми, мислам дека учениците дадода одлични резултати и се покажување од прилика истиот степен на знаење што го покажувале и во средното училиште.“

Годинешната државна матура е четврта по ред. Вчера се полагаше испитот по мајчин јазик како прв дел, а утре матурантите полагаат по избор математика или странски јазик или пак избираат меѓу странски јазик и естетика или филозофија. За запишување на факултет покрај оценките државната матура е дополнителен услов, а само на некои факултети каде што има најголем наплив на студенти како медицинскиот и електро има дополнителни тестови. Над 18 илјади матуранти вчера полагаа државна матура.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG