Достапни линкови

„Коњаникот“ крева прашина


Од вчерашното поставување на споменикот
Од вчерашното поставување на споменикот

Грција го осуди поставувањето на споменикот, официјално именуван како „Воин на коњ“, на плоштадот во Скопје.

„Воин на коњ“. Ова е официјалното име на споменикот на Александар Македонски, кој деновиве се поставува во центарот на главниот град. Подигнувањето на овој споменик кој се предвидува со проектот Скопје 2014, веќе предизвика сериозни реакции од грчка страна.
Мимикријата не не помага бидејќи никој не верува во неа и дека тоа може да се служи само како потсмев. Ако веќе сме храбри да го поставиме Александар Македонски тогаш таа храброст не треба да ја доведуваме во прашање и кога е во прашање неговото
вистинско име.

Политиката на антиквизација, чиј дел е и овој потег, е суштински базирана на напорите за узурпирање на грчката историја, креирајќи
национализам и конфликт. Оваа политика е во спротивност со духот на Привремената спогодба, таа е провокативна и за осуда, ги подрива нашите билатерални односи и ги попречува преговорите под покровителство на ОН, се вели во официјалната реакција на грчкото министерство за надворешни работи.

Од македонското МНР засега нема реакција на обвинувањата од официјална Атина.
Дека споменикот е всушност Александар Македонски на коњ, знаат сите. Ова го потврди и градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, во интервју за нашето радио, минатата година.


„Тоа е „Воин на коњ“ или кратко кажано „Коњаник“, бидејќи може да имате скулптура на Александар Македонски во некоја слободна поза што не е на коњ, што е во движење итн. Заради тие причини јавноста смета дека нешто се сака да се затскрие зад тоа, инаку тоа е споменикот на Александар.“
Тоа е „Воин на коњ“ или кратко кажано „Коњаник“, бидејќи може да имате скулптура на Александар Македонски во некоја слободна поза што не е на коњ, што е во движење итн. Зад тие причини јавноста смета дека нешто се сака да се затскрие зад тоа, инаку тоа е споменикот на Александар.

Упатените сугерираат дека не треба да се криеме зад постапките кои ги правиме. Но, повеќе од очигледно е дека за одговорните на овој проект, важи народната-фрли го каменот, скриј ја раката!

„Мимикријата не не помага бидејќи никој не верува во неа и дека тоа може да се служи само како потсмев. Ако веќе сме храбри да го поставиме Александар Македонски тогаш таа храброст не треба да ја доведуваме во прашање и кога е во прашање неговото вистинско име“, изјави академик Иван Катарџиев.

Доколку правите нешто, правете го тоа без да се плашите од можните реакции. Ако чувствувате дека одредена историска личност е заслужна да има споменик во центарот на Скопје, немојте да се криете зад името на неговото обележје, вели професор Фејзула Шабани.

„Треба цврсто и јасно да кажат дека споменикот е на Александар Македонски. Историјата кажува кој бил Александар Македонски, ние стоиме зад тоа.“

Ваквите потези на надлежните, историчарите ги опишуваат како недостиг на рационалност кај актуелното раководство. Веќе подолго време, односите меѓу двата соседи, Македонија и Грција се преемотивни, а секое непрактично решение, може да биде непродуктивно и во спротивност на интересите на македонскиот народ и меѓународната позиција на државата, заклучуваат експертите.

Александар Македонски во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:49 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG