Достапни линкови

logo-print

Сирија продолжува со акциите, а ги повика бегалците да се вратат


Сириски бегалци

Сириски бегалци

Сириската влада ги повика илјадниците бегалци да се вратат од Турција и покрај тоа што операциите на безбедносните сили на северот на земјата продолжуваат.
Премиерот на Турција, Реџеп Ердоган во телефонски разговор со Претседателот Башар ал Асад го повикал сирискиот режим да го запре насилството и да се стави крај на немирите.
Турските власти пак, соопштија дека сириските бегалци во Турција, над 8500, ќе ги посети холивудската звезда Анџелина Џоли. Таа е Абасадор на добра воља на Високиот Комесаријат на ОН за бегалци.
САД претходно го обвинија Иран дека ја подржува Сирија во акциите против демонстрантите.
XS
SM
MD
LG