Достапни линкови

Исламски милитанти ја нападнаа Хоута во Јемен


Анти владини протести во Таиз - Јемен , архива

Анти владини протести во Таиз - Јемен , архива

Исламските милитанти во Јемен ја нападнале Хоута и држат под контрола делови од овој град на југот на земјата, изјавија преставници за безбедност на Јемен. Тие веруваат дека меѓу милитантите има и припадници на Ал Каеда.
Милитанти отвориле и оган во јужното пристаниште Аден.
Вашингтон вчера изрази загриженост дека немирите во Јемен можат посилно да ги поврзат милитантите поврзани со Ал Каеда и ал Шахаб во Сомалија.
Во земјата од фебруари има големи немири, а Претседателот Али Абдула Салех, кој е на власт 33 години се наоѓа во Саудиска Арабија по повредите добиени при гранатирањето на неговото седиште во Сана.
XS
SM
MD
LG