Достапни линкови

logo-print

НАТО го напаѓа Триполи, бунтовниците напредуваат кон Злитан


Триполи - архива

Триполи - архива

НАТО изврши повеќе воздушни напади врз цели врз либискиот главен град Триполи. Според либиската државна телевизија, биле погодени воени и цивилни цели, но засега нема детали за жртви.
Истовремено, како што се јавува, бунтовничките сили напредувале во борбите против силите на Моамер Гадафи во Злитан по брегот на Средоземно Море, каде што НАТО-авионите фрлиле летки во кои ги повикувале борците на Гадафи да ги напуштат нивните позиции и да не се борат против бунтовниците.
XS
SM
MD
LG