Достапни линкови

НАТО ќе ги продолжи воздушните напади врз Либија


Оана Лунгеску

Оана Лунгеску

НАТО има доволно можности и причини да ги продолжи воздушните напади врз Либија и да врши притисок врз режимот на Моамер Гадафи, изјави портпаролот на Алијансата Оана Лунгеску. Продолжуваме со брзото темпо на операциите, рече таа, додавајќи оти сепак знаат дека за исполнување на предвидените цели е потребно време.
Овие коментари доаѓаат еден ден откако американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс оцени дека НАТО не ги исполнува своите обврски и оти премногу работа им препушта на САД.
XS
SM
MD
LG