Достапни линкови

Кацин-Македонија не се движи во ниту еден правец во однос на ЕУ


Јелко Кацин

Јелко Кацин

Од земјите од Западен Балкан Црна Гора напредува кон Брисел и е најблиску до добивање на датум за преговори за членство во Европската унија, во однос на Македонија и Србија, изјави потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за односи со земјите од Југоисточна Европа, Јелко Кацин. Тој изјави дека Македонија шеста година чека датум за започнување на преговори и не се движи во ниту еден правец, додека Србија знае што мора да направи со цел да добие кандидатски статус, па и датум за преговори. Тој смета дека по блиското приклучување на Хрватска во ЕУ, добивањето на датум за почеток на преговори во случајот на Црна Гора и статусот на кандидат на Србија, БиХ ќе биде опкружена со земји кои влегуваат во ЕУ. А што се однесува до Албанија, тој изјави дека таа „избега во минатото“ и дека само уште навидум го ужива статусот со кој претходно се стекна
XS
SM
MD
LG