Достапни линкови

Саем за финансии


Саем за финансии во Скопје

Саем за финансии во Скопје

Во организација на УСАИД во Скопје се одржува Саем за финансии со цел запознавање и можност за проширување на соработката меѓу македонски и бизнисмени од Југоисточна Европа.

Претприемачи од Југоисточна Европа присуствуваат на дводневен настан во Скопје со цел разгледување на можностите за финансирање и проширување на нивните бизниси. Станува збор за „Саем за финансии“ во организација на Американската агенција за меѓународен развој, попозната како УСАИД. Тина Менделсон, претставник на меѓународна американска корпорација и учесник во организацијата на настанот,
Има инвеститори од Грција, Србија и од целиот регион кои можат да се запознаат со претприемачите од Македонија и од другите земји, кои ќе имаат шанса да ги презентираат своите бизнис планови и да добијат финансирање од надвор.
вели дека примарна цел е доведување на инвеститори во регионот.

„Има инвеститори од Грција, Србија и од целиот регион кои можат да се запознаат со претприемачите од Македонија и од другите земји, кои ќе имаат шанса да ги презентираат своите бизнис планови и да добијат финансирање од надвор. Сите знаеме дека надворешното финансирање е критично за развојот на бизнисите, за вработување и за целокупниот развој во регионот.“

Реклами, промоции и поволности – сите организирани по државна иницијатива, но и покрај сето тоа евиденто е дека индустриските зони не работат со предвидениот капацитет а некои зјаат празни. Од тука и прашањето: Во што е проблемот?


„Зависи кого ќе прашате. Ако ги прашате инвеститорите, тие ќе ви одговорат дека нема фирми во кои вреди да се инвестира. Фирмите, пак, би рекле дека нема инвеститори кои сакаат да дојдат овдека и да се сретнат со нас. Станува збор за комбинација од двата одговори. Потребно е инвеститорите да се информираат дека тука постојат претприемачи кои можат да растат на повисоко ниво. И бизнисите секако треба да се подготват. Токму тоа сакаме да го постигнеме со овој настан“.

Во јавноста неретко се забележува дека државата е најголем работодавач и дека малите и средни претпријатија, кои сочинуваат најголем дел од приватниот сектор, немаат соодветна подршка за да опстѕанат. Во развиените земји одамна функционира концептот на
Зависи кого ќе прашате. Ако ги прашате инвеститорите, тие ќе ви одговорат дека нема фирми во кои вреди да се инвестира. Фирмите, пак, би рекле дека нема инвеститори кои сакаат да дојдат овдека и да се сретнат со нас.
бизнис ангели, за кој има иницијативи и во соседството. Александар Чарбило од Српската мрежа на бизнис ангели вели дека за развој на овој начин на подршка на бизнисите треба да се работи на едукација на претприемачите.

„Доста луѓе не се ни свесни дека постојат такви облици на капитал, каде инвеститорот по инвестицијата влегува во сопственичката структура на компанијата. Значи тој станува сопственик и со активно учество допринесува кон самиот развој на фирмата. Не е во прашање пасивен инвеститор како банка. Како ’старт-ап‘ не ни можете да добиете банкарски кредит.“

Концептот го објаснува Александар Чабрило од Српската мрежа на бизнис ангели.

„Треба да ги едуцирате вашите успешни претприемачи и луѓето кои имаат капитал дека е многу ефективно и поатрактивно да се инвестира во компании во рана фаза на развој отколку во недвижности. Од друга страна, треба да се едуцираат и претприемачите дека е во нивен интерес да се откажат од дел од својот сопственички удел за експанзија на компанијата.“

Инаку, преку проектот за конкурентност на УСАИД повеќе од 120 фирми добија можност за пристап до финансии и зголемување на конкурентноста.
XS
SM
MD
LG