Достапни линкови

logo-print

Политичките партии вршат притисок врз невладините организации


Невладиниот сектор во Македонија не е развиен како во земјите од Западна Европа, се согласиле експертите учесници на Конференцијата за Квалитетот во работењето на граѓанските организации која се одржа во Охрид. Како некои од проблемите со кои се соочува секторот е влијанието од политичките партии, кое според експертите е посебно актуелно пред избори. Тогаш никнуваат невладини кои стануваат активни за веднаш после изборите да згаснат. Друг проблем е што во јавноста постои стереотипно мислење дека одредени организации ги злоупотребуваат средствата од финансиерите. На конференцијата во Охрид, која финансиски е поддржана од ЕУ, учествуваат над 100 претставници на граѓански организации од земјата, како и гости од Словенија, Хрватска и БиХ.
XS
SM
MD
LG