Достапни линкови

Филип Гордон: БиХ пет години не се движи во правилна насока


Филип Гордон на конференцијата во Сараево

Филип Гордон на конференцијата во Сараево

Босна и Херцеговина постигна значителен напредок од периодот по војната во 90-тите години, но во изминатите четири или пет години не се движи во правилна насока, изјави денеска во Сараево помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон. Гордон изјави дека е зголемена националистичката реторика, државните институции и Дејтонскиот договор беа оспорувани, а не недостигаат и обиди да се спречат реформите неопходни за приклучување кон ЕУ и НАТО. Доколку во БиХ продолжат негативните тенденции, таа разикува да заостане зад останатите земји во регионот, рече Гордон. За да се врати на вистинскиот пат, БиХ треба да фукнционира како држава и да спроведува реформи со кои ќе ги исполни барањата на ЕУ и меѓународните обврски, изјави американскиот преставник.
XS
SM
MD
LG