Достапни линкови

Русија-доживотен затвор за двајца расисти


Судот во Санкт Петерсбург денеска на доживотна робија осуди двајца десничарски националисти за седум убиства. Осудени се лидерот на расистичката банда и уште еден член на доживотна робија, а десет други членови на бандата биле осудени на казни затвор меѓу 2 и 18 години. Меѓу жртвите на бандата се еден човек од Северна Кореја, студент од Сенегал и руски активисти кои се застапуваат против фашизмот. Според Сова, групата која ги надгледува злосторства од омраза извршени во Русија, 37 луѓе биле убиени, а повеќе од 380 повредени од ултра-националистите минатата година.
XS
SM
MD
LG