Достапни линкови

НАТО нема да притиска Србија да им се приклучи


Конференција на НАТО во Белград

Конференција на НАТО во Белград

НАТО нема да врши притисок врз Србија за земјата да стане членка на Алијансата, но сака да ги зајакне врските со земјата која ја бомбардираше во 1999 година. Генерал Стефан Абриал, главниот командант на Сојузничката команда на НАТО за трансформации, изјави дека Србија е клучен фактор за регионална стабилност, и дека се подготвени за соработка, која ќе биде толку интензивна колку што сака Србија. Алијансата својата годишна конференција за стратешко воено партнерство ја организира во Белград и покрај протестите на српските националисти, кои запалија знаме на НАТО. Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац изјави дека се свесни за емоциите од минатото, но се силно фокусирани на иднината.
XS
SM
MD
LG