Достапни линкови

ДИК ги објави официјалните резултати за изборите


Државната изборна комисија денеска ги соопшти официјалните резултати од предвремените парламентари избори. На денот на изборите гласале 63, 48 проценти од запишаните во Избирачкиот список. Според официјалните податоци, 1.124.064 од гласачките ливчиња се важечки, 31.985 неважечки, а 665.449 неупотребени. На изборите Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 38,98 од гласовите, Коалицијата предводена од СДСМ 32,78 проценти, ДУИ освоиле 10,24, а ДПА 5,90. ДИК утре ќе го разгледа конечниот извештај за спроведените избори со што тие и официјално ќе бидат завршени.
XS
SM
MD
LG