Достапни линкови

logo-print

МОН-Првиот дел од државната матура поминал без проблеми


Првиот дел од државната матура помина без проблеми во целата држава, заклучуваат од Министерството за образование. Денеска матурантите полагаа мајчин јазик и литература. За полагање беа пријавени 18.184 матуранти. Министерот Никола Тодоров изјави дека имало само мал број на ученици што отсуствувале, други проблеми немало. Резултатите се очекуваат најдоцна до 15 јули. Во четврток се полага вториот екстерен предмет.
XS
SM
MD
LG