Достапни линкови

Во бомбашки напад во централен Ирак, 9-мина загинати


Најмалку 9 луѓе загинале во вооружан напад на седиште на локалните власти во централен Ирак, соопштуваат тамошните власти. Во нападот се повредени уште 25 луѓе. Нападот се случил во градот Бакуба, главниот град на провинцијата Дијала. Сведоците и локалните власти велат дека најмалку 5 вооружани луѓе влегле во зградата, откако претходно пред зградата експлодирал автомобил бомба . Втората бомба експлодирала кога напаѓачите се судриле со полицијата. За време на нападот загинале тројца од напаѓачите.
XS
SM
MD
LG