Достапни линкови

Израел негира дека во Египет е уапсен израелски шпион


Министерот за надворешна политика на Израел Авигдор Либерман

Министерот за надворешна политика на Израел Авигдор Либерман

Израел негира дека човекот кој беше уапсен во Египет е нивен шпион. Во неделата во Каиро беше уапсен човек со двојно американско и израелско државјанство, за кого властите се сомневаат дека работел за Израел. Министерот за надворешна политика на Израел Авигдор Либерман изјави дека уапсениот бил студент кој нема никакви врски со некоја разузнавачка служба, ниту во Израел , ниту во САД, па ниту на Марс. Дваесет и седумгодишниот човек беше уапсен во Египет во неделата и приведен на 15 дена. Египет соопшти дека човекот е израелски шпион кој бил задолжен да надгледува како се одвиваат работите во земјата по соборувањето на Хосни Мубарак. Но семејството на приведениот вели дека тој бил само студент по право кој работел во хуманитарна организација во Каиро. Либерман изјави дека се надева дека инцидентот кој го опиша како грешка на Египет , ќе биде завршен во брзо време.
XS
SM
MD
LG