Достапни линкови

logo-print

ЕУ-најмногу илегални мигранти влегуваат преку Италија


Влезот во Италија преку море

Влезот во Италија преку море

Агенцијата за заштита на границите на Европската унија Фронтекс, соопшти дека многу од илегалните мигранти кои сакаат да влезат во Унијата, влегуваат преку Грција и Италија. Зголемен е бројот на мигранти по конфликтите во северна Африка. Директорот на Фронтекс Гил Ариес Фернандез изјави дека 22.600 илегални минувања биле регистрирани на италијанската граница и тоа во првите три месеци од годината. Во целата ЕУ се забележани 33 илјади илегални минувања. Грција соопшти дека во истиот период во земјата влегле 7.200 илегални мигранти. Во првите три месеци од 2010-та , биде пронајдени само 147 мигранти кои се обиделе да влезат во Италија, во споредба со 13.085 обиди да влезат во Грција.
XS
SM
MD
LG