Достапни линкови

Лагард и Карстенс финалисти за нов директор на ММФ


Аугустин Карстенс, Кристин Лагард

Аугустин Карстенс, Кристин Лагард

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека новит директор на оваа институција ќе биде еден од двајцата кандидати: француската министерка за финансии Кристин Лагард и гувернерот на мексиканската Централна Банка Аугустин Карстенс. Пред изборот тие треба да бидат интервјуирани од 24 члениот извршен борд на ММФ. Нов шеф на Фондот треба да биде избран до 30 овој месец. Тој треба да го замени французинот Доминик Штрос Кан кој на 18 мај поднесе оставка откако беше уапсен под сомневање дека извршил сексуален напад во еден хотел во Њујорк.
XS
SM
MD
LG