Достапни линкови

Дали НАТО се уште има цел?


Роберт Гејтс
Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс има право да биде загрижен за иднината на Алијансата, се наведува во редакцискиот коментар на весникот „Обсервер“, осврнувајќи се врз иднината на НАТО кој се соочува со проблеми во дефинирањето на својата улога во изменетиот свет.

Иронија на историјата е тоа што токму оној што е на заминување од функцијата, американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, го прекрши долгото табу и изговори дека НАТО се соочува со „темна, ако не и лоша иднина“, како што тоа го стори минатиот петок, се наведува во коментарот на „Обесервер“, во кој се додава:


„Соединетите Држави во последните неколку години не ги кријат фрустрациите од некои свои европски партнери во заедничкиот пакт за одбрана, и тоа не само во врска со Авганистан. Но, да се направи ваква мрачна проценка кога Алијансата е вклучена во две војни, сигнализира значаен момент за една организација што ја финансираат и тоа скоро три четвртини Соединетите Држави.“

Навистина, како што изјави Гејтс, само пет од 28-те членки: САД, Британија, Франција, Грција и Албанија, за одбрана трошат 2 процента од бруто домашниот производ, како што впрочем и бара Алијансата.

Во искажаниот американски гнев, Гејтс ги артикулира егзистенцијалните прашања што се надвиснаа врз НАТО, од падот на Берлинскиот ѕид, кога нејзината примарна цел испари.

За што всушност е НАТО?

Основана во 1949 година како заеднички пакт за одбрана, Алијансата само еднаш во над 60-годишната нејзина историја се повика на својот Петти член во кој се вели дека напад врз една членка е напад врз сите, а и тогаш, по терористичките акти врз Соединетите Држави тоа беше симболично.
Една од малкуте работи што НАТО ја води агресивно е обидот да го оправда своето постоење. Немајќи ја јасната централна цел што еднаш ја обедини по Втората светска војна, заштитата на Европа од заканата од советска агресија, НАТО се бори да најде согласност меѓу своите членки за сопствената улога.


Наместо тоа, една од малкуте работи што НАТО ја води агресивно е обидот да го оправда своето постоење. Немајќи ја јасната централна цел што еднаш ја обедини по Втората светска војна, заштитата на Европа од заканата од советска агресија, НАТО се бори да најде согласност меѓу своите членки за сопствената улога.

Всушност, операциите на НАТО кои беа спроведени во последниве години или се контроверзни, како што беше бомбардирањето на Белград во 1999 или само им даваат малку повеќе од политичко покритие на американските воени кампањи.

Во Авганистан, соочени со талибанците кои се уште не се подготвени на мир, претставата на земјите кои со трупи придонесуваат во мисијата на НАТО е обележана со огромни разлики во нивната подготвеност да го споделат товарот на борбите.


Во Либија, како што Гејтс остро забележа во минатиот петок со извесен сарказам, „најмоќниот воен сојуз во историјата, само 11 недели е во акција против слабо вооружен режим, а веќе многу сојузници почнуваат да се жалат на недостиг на муниција и бараат од Соединетите Држави да ја покријат разликата“. На истиот тој ден, како потврда на зборовите на Гејтс, Норвешка објави дека еднострано од Први август се повлекува од либискиот операцијата на НАТО.

Ни нејзиниот друг фронт на активност, лошо обмислената политика на проширување на членството на исток до границите на Русија, не помина многу подобро, откако Грузија покрена безнадежна петдневна војна со руските сили во Јужна Осетија.

Реалноста е дека НАТО се чувствува како анахронизам, воено неефикасен кој не сака ризици и чија цел се повеќе е узурпирана од таканаречена коалиција на добра волја, се заклучува во коментарот на весникот Обсервер.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG