Достапни линкови

logo-print

Се полага државна матура


Средното градежно училиште Здравко Цветковски во Скопје.

Средното градежно училиште Здравко Цветковски во Скопје.

Денеска од 10 до 14 часот матурантите ќе го полагаат првиот задолжителен екстерен предмет - мајчин јазик и литература. За полагање се пријавени вкупно 18.184 матуранти, од кои за тестот по македонски јазик 12.771, за албански јазик 5.063 и за турски јазик 350 матуранти. Во четврток, пак, ќе се полага вториот екстерен предмет. Тој е изборен и матурантите од гимназиско и од средното стручно образование можеа да изберат меѓу математика и странски јазик, а матурантите од уметничкото образование - меѓу странски јазик и естетика или филозофија. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени најдоцна до 13 јули, зашто законскиот рок е 30 дена по полагањето на испитот. Државна матура во Македонија се полага четврта година. Таа е услов за матурантите да се запишат на факултет.
XS
SM
MD
LG