Достапни линкови

Намален кредитниот рејтинг на Грција


Меѓународната рејтинг агенција Стандард енд пурс го намали кредитниот рејтинг на долгорочните хартии од вредност на Грција од степенот Б на степенот ЦЦЦ. Рејтингот е намален за три степени, а агенцијата ја означи и кредитната способност на Атина како негативна. Негативната перспектива значи дека среднорочно, кредитниот рејтинг на земјата може уште да се намалува. Краткорочниот рејтинг на грчките хартии од вредност останува на степенот Ц.
XS
SM
MD
LG