Достапни линкови

4,3 милијарди долари за вакцини во сиромашните земји


Вакцинација против полио во Пакистан.

Вакцинација против полио во Пакистан.

4,3 милијарди долари за вакцини за децата од најсиромашните земји, ветија дека ќе обезбедат донаторите на меѓународната конференција на Глобалната алијанса за вакцини и имунизација која се одржа во Лондон. Со парите ќе се овозможи имунизација на повеќе од 250 милиони деца од најсиромашните земји во светот. Децата ќе се вакцинираат против опасни заболувања како што се мали сипаници, воспаление на белите дробови и жолта треска.

Голем дел од донациите беа обезбедени од фондацијата на Бил Гејтс, и тоа една милијарда долари и од британската влада која донираше 1,3 милијарди долари. Три четвртини од невакцинираните деца во светот живеат во само 10 држави - ​Индија, Нигерија, Пакистан, Индонезија, Демократската Република Конго, Етиопија, Кина, Уганда, Чад и Кенија.
XS
SM
MD
LG