Достапни линкови

Италијанците не сакаат нуклеарки


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони ги прифати резултатите од референдумот, со кој паѓаат во вода неговите планови за обнова на производството на нуклеарна енергија. Тој изјави дека народот јасно кажал што сака и сега на него и на неговата влада им останува да одговорат на тоа. На референдумот, што вчера и во неделата се одржуваше во Италија, граѓаните ги одбија плановите да се обноват нуклеарните централи, ја поништија приватизацијата на водоснабдителниот систем, а го укинаа и имунитетот на функционерите. За опозицијата, резултатите од референдумот се еднакви на развод меѓу владата и државата.
XS
SM
MD
LG