Достапни линкови

Лондон бара слобода за антивладините демонстранти во Иран


Протести во Иран на 30 јули 2009 година.

Протести во Иран на 30 јули 2009 година.

Велика Британија го повика Иран да ги ослободи уапсените демонстранти кои протестираа против реизборот на Махмуд Ахмадинеџад за претседател. Сега се навршуваат две години од постизборните протести. Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Велика Британија се наведува дека постојат загрижувачки извештаи за насилството врз демонстрантите. Од Министерството повикуваат и на транспарентна истрага за смртта на опозицискиот новинар Реза Хода Сабер и активистката за човекови права Халех Сахаби.
XS
SM
MD
LG