Достапни линкови

Сирија- властите уапсиле стотици луѓе на северозападот


Масовни гробници во градот Џиср ал Шугхур.

Масовни гробници во градот Џиср ал Шугхур.

Од Белата Куќа соопштуваат дека ги осудуват последните насилства што ги прави сириската влада. Владини трупи уапсиле стотици луѓе откако го повратија северозападниот регион, по неколкудневните борби со милитантите во градот Џиср ал Шугхур. Сириските власти лансираа операција во таа област, откако како што велат вооружени милитанти убиле 120 војници во градот. Но бегалците од тој северозападен регион, и активистите за човекови права велат дека војниците го малтретирале населението. Населението од тој регион ја напушта Сирија и бега кон Турција. Турските власти велат дека досега примиле повеќе од 7.000 бегалци. Според податоците на активистите за човекови права од почетокот на немирите во Сирија досега загинале повеќе од 1.300 цивили и околу 300 полицајци и војници.
XS
SM
MD
LG