Достапни линкови

Судири на демонстранти со полицијата во јужна Кина


Кинески мигранти се судриле со полицијата за време на протестите во јужниот град Гуангжу. Извештаите велат дека околу 1.000 демонстранти палеле автомобили, и ги уништувале владините згради. Немирите почнаа во петокот кога бремена жена, била повредена кога полицијата се обидувала да ги растера уличните продавачи, повеќето мигранти од југоисточната провинција Сечуан. Вестите за протестите во тој регион, се сосема ретки на медиумите контролирани од државата, но новинската агенција Ксинхуа јавува дека владин тим е испратен во областа за да ги смири гласините за немирите.
XS
SM
MD
LG