Достапни линкови

Белорусија-полицијата се обидува да ги прекине протестите


Полицијата во Белорусија уапсила 15 возачи, а користела и солзавец да ги прекине протестите на возачите кои ја блокираат границата со Полска. Десетици возачи од вчера ја блокираат границата со Полска, како знак на протест против владините мерки за справување со економската криза.. Возачите протестираат против рестрикцијата на горивата и на други произиводи кои се извезуваат од земјата, со цел да се задржи стабилна домашната понуда и да се намали инфлацијата. Минатата недела возачите протестираа во главниот град Минск, против зголемените цени на бензинот. Тогаш илјадици возила го блокираа автопатот, по што владата реши да ја укине одлуката за последното зголемување.
XS
SM
MD
LG