Достапни линкови

Сирија-продолжуваат борбите во северозападниот регион


Сириските трупи во Џиср ал Шагхур

Сириските трупи во Џиср ал Шагхур

Борбите меѓу сириските владини трупи и милитантите во северозападниот регион, во градот Џиср ал Шугхур продолжуваат и денеска, соопштува сириската државна телевизија. Според нив владините трупи кои користат и хеликоптери и тенкови во борбите, ги бркаат и последните милитанти. Сириските власти лансираа операција во таа област, откако како што велат вооружени милитанти убиле 120 војници во градот. Но бегалците од тој северозападен регион, и активистите за човекови права велат дека војниците го малтретирале населението. Населението од тој регион ја напушта Сирија и бега кон Турција. Турските власти велат дека досега примиле повеќе од 6.000 бегалци.
XS
SM
MD
LG