Достапни линкови

Полска-Лех Валенса има пнеумонија, но заздравува


Поранешниот полски претседател Лех Валенса

Поранешниот полски претседател Лех Валенса

Поранешниот полски претседател и добитник на Нобелова награда Лех Валенса има пневмонија, но неговата состојба се подобрува, соопштуваат докторите. Шефот на болницата во Гдањск, изјави дека 67-годишниот Валенса има воспаление на белите дробови. Докторите на почетокот не можеа да утврдат од што е болен Валенса. Поранешниот полски претседател во болница ќе остане најмалку до крајот на неделата. Освен проблеми со белите дробови, има проблеми и со срцето и дијабетес.
XS
SM
MD
LG