Достапни линкови

Бахреин-судење на 34 лекари подржувачи на протестите


Анти-владини протести во Манама, Бахреин

Анти-владини протести во Манама, Бахреин

На дел од персоналот во државната болница во Бахреин денеска им се суди затоа што ги подржувале про-демократските протести во кралството. Триесет и четворица доктори и сестри се соочуваат со казни, затоа што поседувале оружје со кое сакале да го соборат владеачкиот систем. Протестите во земјата започнаа во февруари, инспирирани од протестите во Тунис и Египет. Но протестите беа задушени, откако беше воведена забрана за јавни протести и вонредна состојба во земјата. За време на протестите загинаа најмалу 30 луѓе. За судењата на луѓето кои протестирале, властите формираа специјален безбедносен суд. Според сведоците, во судот, обвинетите се принудуваат да признат дека сториле нешто против државата.
XS
SM
MD
LG