Достапни линкови

Експлозија во банка во Исламабад,еден човек загинал


Во експлозија на бомба во банка во Исламабад загинал еден човек, соопштува полицијата. Според нивни податоци, станува збор за чуварот кој се обидел да го запре бомбашот самоубиец да влезе во банката. Во експлозијата се повредени уште неколку други луѓе. Милитантите подметнуваат бомби во други делови на земјата, но бомбите во главниот град Исламабад во последно време беа реткост.
XS
SM
MD
LG