Достапни линкови

Протестите продолжуваат


Протести против полициска бруталност 10 јуни 2011.
Протести против полициска бруталност 10 јуни 2011.

Расчистување на убиството на момчето, оставка на одговорните во МВР, распуштање на специјалните единици и формирање нови професионални единици – до исполнување на овие барања, демонстрациите продолжуваат.

Протестите на младите против полициска бруталност кои веќе седум дена се одвиваат, добија нова димензија. Младите формираа работни тела за подобра организација на протестот од кој не планираат да се откажат се додека не им се исполнат поголем дел од барањата.
Замена на секторот за внатрешна контрола со независно граѓанско тело, распуштање на специјалните единици на полицијата како што се Алфите, Тигри и останати и формирање на нови единици кои што овој пат професионално ќе се ги извршуваат своите обврски.
Формираа и група за правни работи - преку која утре ќе ги достават своите барања до министерството за внатрешни работи, до Народниот правобранител, до Мисијата на ОБСЕ и дипломатскиот кор во Македонија.

Тие бараат целосно расчистување на убиството како и откривање на сите ученици во настанот, оставка на сите дирекно одговорни лица во МВР за нечовечното и неодговорното вршење на фунцијата, меѓу кои и од министерката Гордана Јанкулоска и портпаролот Иво Котевски поради погрешно информирање на јавноста.

Еден од учениците на протестите и претставник на телото за односи со јавноста Петар Стојковиќ вели дека меѓу другото, неопходно е да направат промени и во самото министерство.

Логото на протестите против полициската бруталност

„Замена на секторот за внатрешна контрола со независно граѓанско тело, распуштање на специјалните единици на полицијата како што се Алфите, Тигри и останати и формирање на нови единици кои што овој пат професионално ќе се ги извршуваат своите обврски и кои задолжително ќе подлежат на стандардизирани психолошки тестови и проверки, потоа забрана за вработување на сите лица во МВР кои имаат досие за кривична одговорност за дела сторени со насилство.“

Роднини, другари, родители и млади цела седмица ја бараат вистината за смртта на момчето, но и вакво нешто никогаш да не се повтори.
Тоа неверојатно доминирање на политичките партии од сите фронтови, значи таа заситеност од инертната, јаловата политика од сите фронтови и таа доминантност на политиката, влијаеше граѓаните навистина да преземат поупорни чекори за истерување на своите права.
Вакви протести се одржаа и во неколку други градови низ земјава.

Според експертите, младите во земјава се соочуваат со многу општетвсни неправди и овој настан на некој начин ја прели чашата.

Комуникологот Сеад Џигал вели дека причината за упорноста на демонстрантите може да се види и надвор од рамката во која се случуваат овие настани чии повод е трагичен случај.

„Тоа неверојатно доминирање на политичките партии од сите фронтови, значи таа заситеност од инертната, јаловата политика од сите фронтови и таа доминантност на политиката, влијаеше граѓаните навистина да преземат поупорни чекори за истерување на своите права и правдини.“

Демонстрантите со едноминутно молчење изразија почит кон убиеното момче

Фотографии, слики од мобилен, блогови, видеа, Фејсбук, Tвитер постови се само дел од алатките што ги користат младите за да се сподели на интернет информацијата за одвивањето на протестите против полициската бруталност.

Стојковиќ вели дека се свесни за етикетите што ги добиваат преку традиционалните медиуми и дека само на ваков начин можат да се дистанцираат од етикетите.
Mладите особено се чувстуваа задушено од традиционалните медиуми коишто се буквално политички инструментализирани, корумпирани, до невидени граници и коишто го допреа дното во однос на својата професионалност.

„Медиумите, да, ги почитуваме, секако дека сме отворени за нив, меѓутоа не би сакале поединечно да одиме во медиуми и да гостуваме. Токму тоа мислам дека би им дало повод за да дотолку повеќе не етикетираат како опозициски, вакви или онакви структури. Затоа што мислам дека Фејсбук не беше етикетиран на ниту еден начин ниту како сдсмовски, ниту како вмровски, ниту пак Твитер, така што тоа се институции кои што постојат на светско ниво и преку нив не ќе можат било како да не обојат.“

Џигал вели дека со користењето на овие алатки за комуникација младите се обидуваат да се дистанцираат од политичките етикети кои им ги лепат традиционалните медиуми.

Демонстранстите се оградуваат од политичките партии

„Своето место овие социјални мрежи го најдоа кај нас во таа сфера каде што граѓанскиот сектор се чувствуваше задушен, младите особено се чувстуваа задушено од традиционалните медиуми коишто се буквално политички инструментализирани, корумпирани, до невидени граници и коишто го допреа дното во однос на својата професионалност и сервисирање на општеството со професионално новинарство.“

Граѓаните, на досегашните седумдневни протести, оставаа цвеќиња пред нозете на полицијата, им даваа блага пченица на полицајците за „за душа“ на младото момче, гласно испратија пораки до сите политичари и институции, колку е значаен животот и правдата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG