Достапни линкови

Нови протести во Белорусија, сега блокирани и граници


Десетици возачи во Белорусија од вчера ја блокираат границата со Полска, како знак на протест против владините мерки за справување со економската криза. Медиумите јауваат дека и денеска 100-тина возачи се уште ја блокираат границата со Полска во северниот регион Гродно. Возачите протестираат против рестрикцијата на горивата и на други произиводи кои се извезуваат од земјата, со цел да се задржи стабилна домашната понуда и да се намали инфлацијата. Минатата недела возачите протестираа во главниот град Минск, против зголемените цени на бензинот. Тогаш илјадици возила го блокираа автопатот, по што владата реши да ја укине одлуката за последното зголемување.
XS
SM
MD
LG