Достапни линкови

МВР ги брише на Фејсбук, демонстрантите се организираат преку Твитер


Демонстрантите кои протестираат против полициската бруталност и денеска излегоа на протести, и покрај тоа што многу групи на Фејсбук кои повикуваа на протести се избришани.
Учесниците на протестите се договараат преку социјалната мрежа Твитер. Овој пат нема протестен марш по улиците, само собир пред спомен куќата на Мајка Тереза и целовечерна дебата за тоа што е нивниот следен чекор.
Од МВР велат дека ги следелe сите групи кои повикувале на протест, а оние кои шират говор на омраза или насилство, по препораки на МВР се укинуваат.
XS
SM
MD
LG