Достапни линкови

Кина-Над 600 луѓе затруени со олово,меѓу нив 103 деца


Повеќе од 600 луѓе, меѓу кои 103 деца , добиле труење на крвта со олово во Кина, соопшти државната кинеска агенција Синхуа. Жртвите се работници во 25 мали постројки за производство на станиол и нивните деца. Од нив 26 возрасни и 103 деца се со тешко труење, а останатите имаат умерен облик на труење на крвта, соопштуваат медицинските лица. Вишокот олово во крвта го напаѓа дигестивниот, нервниот и репродуктивниот систем и предизивикуваат болки во стомакот, грчеви и анемија.
XS
SM
MD
LG