Достапни линкови

Хрватските власти го осудија насилството во Сплит


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска го осуди насилството на првиот геј марш во Сплит. Тој рече дека насилството покажало дека има и не-европски делови на општеството. Јосиповеќ рече дека тоа не е вистинското лици на Хрватска. Премиерката Јадранка Косор изјави дека насилството и омразата се нешто што не може да се толерира во Хрватска. Околу 10 илјади противници на геј парадата со камења, шишиња, цигли, запалки им се спротиставија на учесниците во поворката која броеше околу 200 учесници. На крај Парадата беше прекината, а учесниците евакуирани со полициски возила. Десетина луѓе биле повредени, од кои четворица новинари. Насилството доаѓаат на само еден ден откако Европската комисија даде зелено светло на Хрватска, да ги заврши преговорите со ЕУ и да стане следниот член на Унијата.
XS
SM
MD
LG